Search

Политичарот Ричард Брутон е новиот „секс симбол” на Ирска

Ричард Брутон (67), член на Собранието на Република Ирска и поранешен министер, стана национален секс-симбол, откако во новото видео во кое ги промовира предностите на одморот во неговата изборна единица во северен Даблин, ги покажа своите „плочки” на стомакот.

Поради корона-пандемијата, одмор во својата земја ова лето е реалност за многу луѓе во светот, па и за Брутон.

– Ако ви треба нешто малку поенергично од возење велосипед, зошто да не ми се придружите овде, па да се нурнеме во водите кај Долимаунт, вели Брутон во видеото објавено на Твитер-профилот на неговата партија Фине Гаел.

Добрата, или солидна форма на политичарот, предизвика многу коментари на интернет, па некои, на шега или не, го споредија Брутон со британскиот „007″ Даниел Крејг…

Овој политички ветеран, сепак, истакнува дека не посетува фитнес центри и ги повика своите сограѓани да ја користат природата за физички активности.

Треба да знаете
Последни објави