Search

Политико: Помпео се подготвува за американско – кинески самит

Американскиот државен секретар Мајк Помпео се подготвува за самит со кинеска државна делегација на Хаваи, во момент кога се влошени американско-кинеските односи, објави порталот Политико, повикувајќи се на неименувани извори.

Помпео е еден од најгласните критичари на политиката на Пекинг. Тој често ја критикува кинеската политика кон малцинствата, потоа за Хонг Конг, а минатиот месец го обвини Пекинг дека пропуштил „да ја спречи смртта на стотина илјади луѓе, бидејќи не бил доволно транспарентен за новиот коронавирус и одбиваше да ги подели инфорациите со светот”.

Информацијата за претстојниот самит на Хаваи не е потврден ниту од официјален Вашингтон, ниту од Амбасадата на Кина во САД.

Треба да знаете
Последни објави