Search

Полесно повредени 16 лица во сообраќајки во Скопје

Полесно повредени 16 лица во сообраќајки во Скопје

Шеснаесет лица биле полесно повредени во седум од вкупно 12 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје. Во пет сообраќајки била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Педесет и шест  возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на крстосница на црвено светло, а еден возач не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Двајца возачи биле санкционирани за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, а 12 возачи не користеле заштитен шлем. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин. Затекнати биле 103 непрописно паркирано возило.

Од сообраќај биле исклучени осум возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 11 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, пет возачи почетници, како и едно техничко неисправно возило, 25 нерегистрирани возила и две возила за претовар.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети биле 69 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје во рамки на сообраќајно- воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска ќе реализира едукативна работилница со учениците од второ и четврто одделение во ООУ „Владо Тасевски“ во општина Карпош.

Треба да знаете
Последни објави