Search

Покетино ќе остане во францускиот фудбал како стратег на Ница

Аргентинскиот фудбалски стручњак Маурицио Покетино е без работа од крајот на минатата сезона кога доби отказ во ПСЖ и според француските медиуми, се поизвесно е дека повторно ќе работи во Лига 1. Според овие извори тој преговара со челниците на Ница за преземање на францускиот лигаш.

Ница не ја почна сезоната според очекувањата и по осум одиграни кола е на 13. позиција со осум бодови и само две победи.

Веќе се шпекулира дека Лусиен Фавр би можел да добие отказ.

Од клубот наводно веќе го контактирале аргентинскиот стручњак и ги започнале преговорите, а како што стојат работите, Покетино нема ништо против да ја преземе Ница. За попладнево е договорен состанок помеѓу Покетино и челниците на Ница.

Треба да знаете
Последни објави