Search

Покетино: Ќе играме против еден од најдобрите тимови во светот и цел ни е да го победиме

Аргентинскиот фудбалски старатег Маурисио Покетино како предводник на францускиот ПСЖ пред вечерашниот натпревар од 5. коло во групната фаза во Лигата на шампионите со  Манчестер сити  испратри само пофални зборови за англискиот првак. Вечерашниот (21 ч.) натпревар на „Етихад“  ќе биде битка за првата позиција во групата А од верификација на пласманот во осминафиналето, каде „граѓаните“ се лидери со еден бод поредност пред „светците“.

-Резултатот е најважен во фудбалот. Играме натпревар од огромна важност, па потребен е целосен фокус бна случувањата на теренот. Секој меч е поинаков. Ќе играме против еден од најдобрите тимови на светот, нашата цел е да победиме и да се натпреваруваме да дојдеме до позитивен резултат. Минатата сезона доминиравме, ама тие погодуваа секогаш кога имаа шанса. Ова е нов натпревар, со поинаков контекст. Мора да правиме шанси и да погодуваме. Ако успееме да победиме одиме понатаму, изјави Покетино.

 

Треба да знаете
Последни објави