Search

Покетино: Сакате титули? Тогаш дајте пари

Менаџерот н Тотенхем, Маурицио Покетино, рекол дека челниците на клубот мора да го сменат начинот на работење доколку сакаат екипата да стане конкурентна во борбата за трофеите.

Тотенхем игра добра сезона, во моментов се трети во Премиер лигата, со шест бода помалку од водечкиот Ливерпул, а во борба се за трофеите во ФА и Лига купот, како и во Лигата на шампионите.

„Доколку сакаме да освојуваме титули, мораме да започнеме да функционираме на поинаков начин. Во моментов работиме на ист начин како што работевме пред пет години кога дојдов тука. Можебие и вака ќе освоиме некој трофеј, но тоа ќе биде исклучително тешко бидејќи во меѓувреме секој клуб напредуваше“, рекол Покетино.

Тотенхем е првиот тим во историјата на лигата кој во летниот преоден рок не потпиша ниту еден нов играч.

„Ноедамна ја видов листата која покажува колку клубовите потрошиле во изминатите десет години, ние сме при дното. Ќе повторам работиме одлично, но доколку сакаме да бидеме конкурентни мораме да го смениме начинот на работа“, дополнил тренерот на Тотенхем.

Екипата на Маурицио Покетино, в среда од 21 часот, ќе се сретне со Челси во рамките на првиот полу-финален меч во Лига купот.

Треба да знаете
Последни објави