Search

Покетино: ПСЖ покажа карактер против Мец

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, зборуваше за упорноста на неговиот тим покажана на синоќешниот натпревар со  победата над Мец (2:1) во 7. коло од францускиот фудбалски шампионат.

– Добро е што победивме. Кога победувате, полесно е да продолжите да работите. Игравме добро од самиот почеток, но потоа малку забавивме. Драго ми е што тимот се бореше до последниот судиски свиреж и на крајот победи, покажувајќи карактер го цитира Покетино прес-службата на ПСЖ.

По седум кола во Лига 1, парижаните освоија 21 бод и се лидери на табелата.

На 25 септември, тимот ќе игра со Монпелје во 8. коло од францускиот шампионат.

Треба да знаете
Последни објави