Search

Поинакви од другите двојки: Хоакин Феникс и Руни Мара садат овошје, одат на педикир и се кријат

Оскаровецот Хоакин Феникс (45) и неговата свршеница, актерката Руни Мара (34), се запознале во 2013 година на снимањето на филмот „Her“, а добитникот на Оскар признал дека тогаш имал чувство дека Мара не го поднесува.

По снимањето на филмот, двојката се разделила, но тие повторно се сретнале на сетот на „Мери Магдалена“. За време на снимањето се заљубиле и стапиле во врска.

Тие за првпат се појавиле на црвениот килим во 2017 година на свеченото отворање на Канскиот филмски фестивал. Во текот на церемонијата Мара ја држела раката на Феникс и страсно го бакнала кога ја освоил наградата за најдобар актер за филмот „You Were Never Really There“.

Во септември 2017 година Феникс откри дека тој и Мара живеат заедно во неговиот стан од 1,3 милион фунти во Лос Анџелес.

Тие го избегнуваат типичниот холивудски начин на живеење, не одат на забави што ги приредуваат славни личности, ниту во отмени ресторани. Тие јадат исклучиво зеленчук и овошје од својата градина, заедно одат на педикир и често може да се видат на протести за правата на животните.

Иако не сакаше да ја коментира свршувачката, Феникс, наводно, ѝ предложил брак на Мара минатиот мај по тригодишна врска. Според странските медиуми, свадбата ќе биде интимна за мал круг луѓе.

Треба да знаете
Последни објави