Search

Познат по својот гаф со Иванка Трамп, презентерот Вoтерс повторно брилира со сексистички изјави

Презентерот на „Фокс“, Џес Вотерс, кој стана светски познат кога инсинуираше дека Иванка Трамп замислува дека микрофонот е нешто друго, повторно направи гаф изјавувајќи дека
новинарките со секс извлекуваат информации од изворите.

Изјавата на Вотерс одекна во период кога се полемизира за критиките за новиот филм на Клинт Иствуд, кој е заснован на вистинска приказна, а во кој е прикажана новинарка која има сексуални односи со изворите со цел да дојде до информации.

Наместо да застане во одбрана на своите колешки, Вотерс рече дека тоа се случува цело време и дека не му е јасно зошто Иствуд сега се занимава со тоа.

Кога колегите го прозвале заради непримерните изјави, Вотерс рекол дека тоа не го прават само новинарките туку и новинарите.

Треба да знаете
Последни објави