Search

Познат новинар ја претепал сопругата, таа го нападнала со нож

Познат новинар и сопственик на портал бил приведен поради семејно насилство, дознава „Нетпрес“. Семејното насилство, неофицијално било пријавено од соседите во зграда во скопската населба Кисела Вода. По дојавата, во домот на брачниот пар пристигнале полицајци кои биле сведоци на немилиот настан што се одвивал во присуство на нивното малолетно дете.

Инцидентот е објавен и во денешниот билтен на МВР.

-На 16.01.2019 година во СВР-Скопје околу 23.07 часот С.И.(38) пријавил дека физички бил нападнат од сопругата М.Л.И.(25), која употребила и нож, во стан во Скопје. На 17.01.2019 околу 02 часот М.Л.И. пријавила дека била физички нападната од С.И., кој употребил и нож во стан во Скопје. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираа од полиција.

 

Треба да знаете
Последни објави