Search

Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избоде својата жена на паркинг

Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избоде својата жена на паркинг

Австриските медиуми го објавија идентитетот на македонскиот државјанин кој до смрт ја избодел својата сопруга на паркинг пред супермаркиет во градот Тулин. Се работи за 36-годишниот Џемаил М. од скопско Ласкарци.

Како што јавуваат локалните медиуми, 32-годишната жена починала на лице место откако сопругот неколкупати со нож ја прободел во вратот.

На убиството претходеле расправии, закани и малтретирања, при што полицијата морала да интервенира во повеќе наврати.

Тој синоќа ја сменил профилната фотографија на социјалната мрежа Фејсбук, а 13 часа подоцна бил на местото на злосторството, чекајќи ја својата 32-годишна сопруга. Триесет и шестгодишниот маж, наводно, имал и проблеми со коцкањето.

 

 

Треба да знаете
Последни објави