Search

Познат датумот кога последен пат ќе се поместат стрелките на часовникот

Укинувањето на зимското и летното сметање на времето ќе стапи на сила од 2020 година, иако Европската Комисија предложи последното поместување да се случи годинава на 31 март.

Одборот го усвои амандманот на пратеникот Давор Шкрлец од Зелените, кој предложи поместувањето на стрелките на часовниците да запре на 31 март 2020.

Поради низа потенцијални проблеми со ваквото укинување треба да се почека. Директивата би требало да се применува од 1 април 2020 , така што одредбите би стапиле на сила во сите земји членки на 31 март 2020, се наведува оттаму.

Во последната анкета дури 84% од жителите на земјите членки на Европската Унија се против поместувањето за еден час понапред или поназад на часовниците два пати годишно.

Треба да знаете
Последни објави