Search

Познати сите осминафиналисти во Лига Европа

Познати сите осминафиналисти во Лига Европа

По одигрувањето на сите реванши од шеснаесетфиналето во Лига Европа, станаа јасни тимовите кои продолжуваат кон осминафиналната фаза на натпреварувањето.

Во средата вечер, Севиља прва си обезбеди пласман за следната фаза, победувајќи го Лацио со 2:0 во реваншот на „Рамон Санчез Писхуан” и елиминирајќи го со вкупен резултат 3:0. Вчера, кон тимот од Андалузија се приклучија уште 15 тима.

Еве ги сите осминафиналисти во Лига Европа:

Севиља, Арсенал, Динамо (Загреб), Ајнтрахт (Франкфурт), Салцбург, Наполи, Валенсија, Виљареал, Зенит, Челзи, Интер, Динамо (Киев), Славија (Прага), Рен , Бенфика, Краснодар.

Ждрепката за осминафиналните двојки е денеска во Нион од 13:00 часот по македонско време.

Треба да знаете
Последни објави