Search

Познати се номинациите за „Фудбалер на годината“ во Премиерлигата

Премиерлигата денеска ги објави осумината номинирани за „Фудбалер на годината“. Очекувано најмногу играчи се од Ливепрул и Манчестер сити – по двајца.

Веројатно најголем фаворит за освојување на признанието е Кевин де Брајне од Сити, кој сезонава досега има 15 голови и седум асистенции на 28 одиграни натпревари. Друштво му прави и неговиот соиграч Жоао Кансело.

Од таборот на Ливерпул номинација добија Трент Александер Арнолд, кој има 12 асистенции и Мохамед Салах со 22 гола и 13 асистенции досега. Џерод Боуен од Вест Хем благодарение на фантастичните игри сезонава со 10 голови и исто толку асистенции се избори за место меѓу најдобрите.

Номинации добија и Букајо Сака од Арсенал, Хјонг Мин Сон од Тотнем и Џејмс Ворд-Праус од Саутемптон.

Треба да знаете
Последни објави