Search

Познати натпреварувачките броеви и распоредот на натпреварите за новата сезона во Првата кошаркарска лига

На заеднички состанок со претставниците на раководството на федерацијата, денес Здружението на прволигашите ги утврди натпреварувачките броеви за новата натпреварувачка сезона 2021/2022.

Согласно со Бергеровиот систем за 12 екипи-учесници во натпреварувањето, во првото првенствено коло од Првата лига-мажи во сезоната 2021/2022 ќе играат:
МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички
Еуро Никел 2005 – Гостивар
Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Куманово 2009 – Ангели
Феникс 2010 – Нaвико Академија ФМП
Кожув – ТФТ.

Натпреварите се закажани за 2 и 3 октомври.

Треба да знаете
Последни објави