Search

Познати личности кои се во сродство

Американски медиуми наведоа неколку славни личности за кои малкумина знаат дека се далечни роднини еден со друг.

Бред Пит и Спајк Ли

Бред Пит и Спајк Ли се стари пријатели, но тие се и дванаесетти братучеди. Веста ја објави генеалошката веб-страница Geni.com. Бред Пит зад себе има успешна актерска кариера со десетици филмови, меѓу кои „Боречки клуб“, „Необичниот случај на Бенџамин Батон“, „Беше еднаш во Холивуд“, додека Спајк Ли е познат по своите независни филмови и по ангажманот во социјални и политички прашања во неговата работа. Двајцата соработуваа на документарниот филм на Ли, насловен If God Is Willing and Da Creek Don’t Rise“ од 2010 година.

Бен Афлек и Мет Дејмон

Бен Афлек и Мет Дејмон се пријатели од детството и заедно ја започнаа својата кариера како сценаристи. Тие го напишаа и глумеа во филмот „Добар Вил Хантинг“, за кој добија „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио во 1997 година. Потоа продолжија да работат заедно во различни филмски и телевизиски продукции, и до ден-денес се пријатели. Покрај нивното пријателство и професионална врска, Бен и Мет се и десетти братучеди. Двајцата актери ја открија роднинската врска во 2009 година, кога New England Historic Genealogical потврди заедничко потекло.

Aврил Лавињ и Џастин Бибер

Аврил Лавињ е канадска пејачка која се прослави во 2000-тите со хитовите Complicated и Sk8er Boi. Џастин Бибер е канадски пејач кој постигна светски успех како тинејџер во 2010 година со песни како како Baby и Sorry. Двајцата, според истражувањето објавено во Ancestry, се во роднински врски, односно дванаесетти братучеди. Овие две славни личности делат и сродство со други познати личности на оваа листа.

Селин Дион и Рајан Гослинг

Селин Дион е канадска пејачка и актерка, позната по успешната кариера како поп уметник и по нејзиниот моќен глас. Рајан Гослинг е канадски актер, кој глуми во повеќе хитови како The Notebook, Half Nelson и La La Land. Според американското истражување објавено во Ancestry, сродството меѓу двете ѕвезди датира од некои од првите доселеници кои живееле во Квебек пред 400 години.

Ел Фенинг и Кејт Мидлтон

Ел Фенинг е американска актерка, позната по филмовите Super 8 и Maleficent. Кејт Мидлтон е војвотката од Кембриџ, сопруга на принцот Вилијам и член на британското кралско семејство. Ел потекнува од Едоардо Трети од Англија и затоа е далечна роднина на Кејт Мидлтон.

Треба да знаете
Последни објави