Search

Позната британска ТВ-ѕвезда бара донор на сперма

Позната ТВ-ѕвезда, која засега одлучи да остане анонимна, а заврши со маж по серијата разочарувања во претходните врски, сепак сака дете, па се сврте кон поинакви методи. Своите соништа ќе ги оствари преку донор на сперма, пишува „Сан“.

„Таа одлучи дека не ѝ е неопходен маж за да има дете и дека нема да влезе во друга врска, од која ќе излезе повредена“ пишуваат британските медиуми, додавајќи дека таа е жена која мажите ја облетуваат од сите страни, но едноставно немала среќа да заснова семејство.

Сега, се чини, бременоста со помош на донор сака да ја реализира што е можно поскоро, со оглед дека чувствува оти нејзиниот биолошки часовник отчукува, според „Сан“.

На истиот метод претходно се подложија ТВ-презентерката Џулија Бредбери (48), поранешната моделка Жилиет Нортон (44), воедно и сопруга на готвачот Џејми Оливер (43) и неколку други познати лица од светот на шоу-бизнисот.

Треба да знаете
Последни објави