Search

Позитивни резултати од нов дијагностички тест финансиран од ЕУ

Европската Комисија соопшти дека еден од проектите што ги финансира во рамките на борбата против коронавирусот веќе дава позитивни резултати, а станува збор за брз дијагностички тест, јави дописничката на МИА од Брисел.

Тестот под име „ХГ нКоВ19„ е еден од осумнаесетте проекти финансирани од Европската Унија во рамките на програмата Хоризонт 2020 и е брз дијагностички тест кој може да ја детектира инфекцијата на Ковид-19 за триесет минути.

Станува збор за заеднички проект на научници од Ирска, Обединетото Кралство, Кина и Италија и е координиран од ирската компанија ХиберГен.

-Ова е одличен пример на научни истражувања од ЕУ во акција, охрабрена сум што нашите научници одговорија на предизвикот, го развија овој дијагностички систем толку брзо и ја испорачаа оваа цел на нашите први итни повици. Клучно е коронавирусот да се дијагностицира побрзо и на посигурен начин, затоа што така се намалува ризикот од натамошно ширење на вирусот, изјави Марија Габриел, еврокомесарката задолжена за иновации.

ЕУ учествувала со 930 илјади евра во овој проект, а компанијата ХиберГен ја поддржува во своите истражувања веќе дваесет години, информираат од Европската Комисија.

На овој тест научниците работат од февруари. Станува збор за тест кој преку “едноставен метод” дава брзи резултати за дијагноза на болеста во раните фази на инфекцијата.

Треба да знаете
Последни објави