Search

Пожар на грчкиот остров Евија, димот стигна до Атина

Голем пожар избувна во шумскиот предел на грчкиот остров Евија. Евакуиран е еден манастир, а на селаните од три села кажано им е да бидат подготвени за евакуација.

Пожарникарите утрово околу 3 часот известија дека пожарот избил во областа Агрилица, а густиот чад стигнал до Атина.

Во гасењето на пожарот учествуваат 80 пожарникари со 39 возила, а ангажирани се четири авиони и два хеликоптера, јавија грчките медиуми.

Манастирот е евакуиран поради претпазливост, пренесе „Катимерини“.

Како што се наведува, силниот ветер и непристапниот терен ги отежнуваат напорите на пожарникарите да го совладаат огнот.

Треба да знаете
Последни објави