Search

Пожар кај Плетвар, во прекин сообраќајот од Прилеп кон Росоман

Од 15.40 часот сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правца поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на с. Тројаци кон с. Топлица.

АМСМ известува дека денеска почнаа градежни активности за подобрување црни точки, со што ќе се изврши привремена измена на режимот на сообраќај на регионалниот пат Р1202, делница Жировница – Дебар – граничен премин Блато, во временски период од 30 календарски дена.

Почнаа и градежни активности за подобрување на состојбата на осветлението (поставување канделабри), со што ќе се изврши привремена измена на режим на сообраќај на регионален пат Струмица – Валандово, клучката кај Куклиш, во временски период од 30 календарски дена.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Треба да знаете
Последни објави