Search

Пожар во Кичево изгоре куќа

На 19.01.2019 година околу 09.00 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на улица „Влашки пат” во Кичево, во куќата сопственост на Х.М.(63) избувнал пожар, при што со повреди се здобиле Е.М.(27) и Р.М.(68) од Битола. На Е.М. и Р.М. им била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар Кичево. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Треба да знаете
Последни објави