Search

Пожар во женски затвор близу Москва, евакуирани околу 850 лица

Околу 850 лица денеска беа евакуирани поради пожар во женски затвор лоциран југоисточно од Москва, објави руската затворска управа, без да даде повеќе информации.

„Околу 850 лица се евакуирани”, се вели во соопштение од затворот.

Портпаролот на затворската администрација изјави дека затворениците биле пренесени во друга зграда во центарот.

Пожарот избувналво 16.20 часот по локално време, а неименуван безбедносен службеник потврдил дека пожарот избил во пекарницата на таа зграда.

Треба да знаете
Последни објави