Search

Пожарот на „Рузвелтова“ избувнал во кујната и го пеплосал целиот стан

Според  првичните информациите од терен, пожарот кој избувна на петтиот кат во зграда на „Рузвелтова“ спроти канцелариите на СЈО, започнал во кујната, каде станарите подготвувале јадење, а потоа ги зафатил и другите соби.  Целиот стан е пеплосан. Нема настрадани во оваа огнена стихија, благодартение на брзата интервенција на пожарникарите.

– Во 13:30 часот добивме дојава за пожарот. Интервенирано е со пет противпожарни возила со 15 пожарникари. Пожарот е комплетно изгаснат во 14 часот, изјави командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски по успешно завршената задача.

Треба да знаете
Последни објави