Search

Пожарникари се борат со силен оган на француска нуклеарна подморница

Француски пожарникари се борат со пожарот што избувна денеска на нуклеарна подморница, поставена заради поправки во јужното поморско пристаниште Тулон, јави ДПА.

Но, поморските власти соопштија дека не постои ризик од радијација од пожарот или чадот што произлегува.

Нуклеарното гориво на бродот, како и неговото оружје беа отстранети пред поправките, се вели во соопштението на поморската префектура за Медитеранот, објавена на Твитер.

Подморницата беше евакуирана откако избувна пожарот во неговиот преден дел, соопшти префектурата. Поморските пожарникари беа однесени на местото на настанот, кој е оддалечен околу 60 километри од Марсеј. 

Треба да знаете
Последни објави