Search

Пожарникарите два часа ја гаснеле „Мечка“, а пламенот проголта три автомобили паркирани пред кафеаната

Пожарникарите два часа се справувале со големиот пожар, во кој утрово изгоре кафеаната „Мечка“ во Дебар Маало, а во кој изгореа и три автомобили паркирани на улицата пред објектот.

Меѓу запалените возила е и автомобилот на сопственикот. Вистинска среќа е што во пожарот не биле зафатени соседните куќи. Причините за пожарот се уште не се познати.

-Околу 3 часот во Скопје во угостителскиот објект на улица Дане Крапчев,  сопственост на С.Б.(47) избувнал  пожар. Од пожарот биле зафатени и три патнички возила, сопственост на С.Б., Г.Р. и  А.М., кои биле паркирани пред објектот. Пожарот бил изгаснат од екипи на Противпожарна единица Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Според командантот на Бригадата за противпожарна заштита, Звонко Томески во интервенциата улествувале осум противпожарни возила и 18 пожарникари.

-Дојавата за пожарот е примена во 2.50 часот. Веднаш е стигната екипа од Тафталиџе, но објектот веќе бил целиот во пламен. Поради тоа се повикани дополнители возила од Автокоманда и Бит Пазар. Со интервенцијата е завршено во 4.55 часот. Освен објектот опожарени се и три автомобили, марка „фиат“ и два „опела“, изјави Томески.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави