Search

Пожарите во Амазонија најверојатно забрзуваат топење на глечерите на Андите

Пожарите во Амазонските прашуми, најверојатно, го забрзаа топењето на глечерите на Андите, потенцијално загрозувајќи снабдување со вода за десетици милиони луѓе, соопштија денеска научници.

Тим научници во Бразил го проучувале ефектот на чад од пожар врз глечерите во Андите. Според нив, ветрови носат честички од пепел стотици километри подалеку и им овозможуваат да се акумулираат во снег и мраз.

Проучувајќи ги моделите на пожари помеѓу 2007 и 2010 година, кога тие беа на нивниот врв, тим научници откриле дека аеросолите со согорување можат да засилат топење на глечерите со зацрнување на нивната површина и намалување на можноста на глечерите да ја рефлектираат сончевата светлина.

Загадувачи како црн јаглерод и прашина се заробени во горните слоеви на глечерите и поради потемна површина на глечерите, темпото на топење се забрзува до 14 проценти.

Повеќе од 75 милиони луѓе зависат од водата од глечерите на Андите, вклучувајќи ги и земјоделците во областа.

Треба да знаете
Последни објави