Search

Пожарите во Австралија уништија половина од островот Фрејзер, кој е под УНЕСКО

Речиси половина од територијата на австралискиот остров Фрејзер, кој е на списокот на светско наследство на УНЕСКО, е зафатена со шумски пожари. Најавена е и евакуација на локалното одморалиште, пренесува „Бризбејн Тајмс”.

Пожарите започнаа кон крајот на октомври, предизвикани од оган запален во нелегално изграден туристички камп.

Шефот на локалната служба за итни случаи Џејмс Хејг изјави дека пожарот зафатил површина од 76.000 хектари, што е околу 40 отсто од територијата на островот, кој е најголемиот остров со песок во светот.

Сите гости во одморалиштето Кингфишер Беј, кое е на околу пет километри од огнената линија, беа евакуирани.

Комесарот за пожар во Квинсленд, Грег Лич изјави дека е донесена одлука за ограничување на пристапот до островот за влез на посетители.

Се очекува стихијата да трае уште неколку недели.

Бирото за метеорологија предвидува дека топлотниот бран што го зафати Квинсленд ќе се влоши во наредните денови.

Островот Фрејзер е впишан на списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1992 година како единствен споменик на природата. 

Треба да знаете
Последни објави