Search

Поезија од Марковски објавена во американското списание Harbinger Asylum

Пет песни од македонскиот поет Стефан Марковски беа објавени во летниот број на списанието Harbinger Asylum, кое излегува четири пати годишно во Хјустон, Тексас, во издание на Transcendent Zero Press.

Прилогот со застапените песни е насловен „По трагата на белиот грифон“ и опфаќа делови од истоимената поетска збирка објавена минатата година во издание на издавачката куќа Антолог и македонско-англискиот избор Ветена земја / Promised Land и се во превод на авторот и Никола Ѓелинчески.

Во актуелниот број, со прозни и поетски прилози на 118 страни присутни се над 40, меѓу кои меѓународно афирмирани автори од сите континенти, што говори за глобалниот предзнак на ова списание.

Уредници на списанието се американските книжевници и книжевни теоретичари: Дастин Пикеринг, З. М. Вајс, Стути Шри и Алекс Маас, додека илустрациите се дело на визуелната уметница Вера Илкон.

Треба да знаете
Последни објави