Search

Поевтинуваат горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92 % во однос на одлуката од 5.5.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 1,392 %, кај дизелот 0,874 %, кај екстра-лесното масло 0,827% и кај мазутот намалувањето е 1,482 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,05 %.

Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 1,00 денар/л, а малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,465 денари/кг и сега ќе изнесува 39,155 денари/кг.

Од 9.5.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 77,00 (денари/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 79,50 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 66,50 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 65,50 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 39,155 (денари/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 9.5.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Треба да знаете
Последни објави