Search

Подобро да падне Заев отколку индустриското производство

Индустриското производство драматично падна за 15% во вториот квартал, а Зоран Заев си вози луксузни мотори.

Се очекува поскапување на електричната енергија , а Заеви си делат тендери во РЕК Битола и го полнат со партиски послушници.

Секојдневно десетици граѓани ги губат животите, а стотици го губат здравјето како резултат на ескалацијата на корона кризата, а Заев и Филипче само лажат дека ситуацијата била под контрола.

Освен полнење на сопствените џебови, Заев и неговите соработници не ги интересира ништо друго, а најмалку проблемите на граѓаните.

Наместо капитални инвестиции, проекти и нови фабрики како што ветуваше СДСМ, сведоци сме на рекет, корупција, уцени и нарачани судски одлуки. Тоа е реалната слика за овие луѓе кои повеќе од три години пустошат во државата и при тоа секојдневно ги лажат граѓаните дека државата е на добар пат.

На Република Македонија не и се потребни политичари од типот на Зоран Заев кои освен лаги и манипулации не знаат ништо друго, туку луѓе кои се чесни, стабилни и професионалци во својата област на делување, кои ќе придонесат за подобро утре.

 

Со почит,

Треба да знаете
Последни објави