Search

Подобра инфраструктура и младинска школа на ФК Лепенец  

Во изминатиот период, Општина Карпош инвестираше во подобра инфраструктура и ги реконструираше дел од фудбалското игралиште во Бардовци, како и спортските терени до игралиштето.

Денеска, во знак на одбележување на верскиот празник Св. Троица, се одржа и ревијален натпревар меѓу фудбалерите од ФК Лепенец, а тоа што радува е дека со поддршка од Општината конечно се ресетираше и младинската школа на клубот.

Голем број на младинци денеска имаа можност да спортуваат, да го покажат својот талент за фудбал, а во активностите уживаа и жителите на Бардовци.

На денешниот спортски настан присуствуваше и градоначалникот Стефан Богоев, кој уште во предизборието посочи дека силно ќе се заложи за ревитализација на спортскиот центар Лепенец, како и за формирање на младинската фудбалска школа.

-Со ставање акцент на младинските категории придонесуваме голем број на дечиња од Бардовци да почнат да спортуваат и да се рекреираат. Токму на овој терен, за време на предизборието разговаравме со граѓаните за заживување на ФК Лепенец и целиот спортски центар, а денеска со организацијата на овој спортски настан покажуваме дека сме опстојале на ветеното, рече Богоев.

По завршувањето на фудбалскиот натпревар, учесниците и граѓаните имаа можност за дружба,  а најмладите уживаа во фудбалската игра.

Треба да знаете
Последни објави