Search

Подновена детската градинката 11 октомври во Бутел

Подновена детската градинката 11 октомври во Бутел

Деновиве, во матичниот објект на ЈУ детска градинка ,,11 Октомври заврши реновирањето на повеќе простории.

Беше реализирано:

  • 450 м2 – Репарирање (стругање и лакирање) на паркетот и 68 м2 ходници со нов ламинат, во вредност од 430 000 ден.
  • 110 прозори и 14 влезни дупли врати кои чинат 1 500 000 ден.
  • Набавана е најсовремена дидактичка опрема за деца со пречки во развојот, најразлични детски играчки и 5 мали и 2 големи трамболини, во вредност од 435 000 ден.

За издвојување е фактот дека оваа градинка е прва во Скопје која има смарт табла.

По овој повод градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека грижата за најмладите продолжува и додаде, дека во континуитет ќе се работи за подобрување на севкупните услови за дечињата во сите 6 градинки на територијата на Општина Бутел.

Вкупната сума за оваа реконструкција на градинката изнесува повеќе од 2 000 000 ден. која е обезбедена од буџетот на Општина Бутел.

Треба да знаете
Последни објави