Search

Поднесена кривична за изнуда против возачот на Панделевски

Скопјанецот Т.П.(32) е возачот на бизнисменот Цветан Панделевски, кој се обидел да изнуди 150.000 евра од неговата сопруга, за да го извади од затвор. Панделевски, сопственик на „Пелистерка“ е во притвор од минатиот месец заедно со Орце Камчев, како еден од глвните осомничени за случајот „Империја“ на СЈО.

СВР Скопје – Единица за насилен криминал до надлежното ОЈО во Скопје, поднесе кривична пријава против Т.П.(32) поради основи на сомневање дека извршил кривично дело изнуда предвидено и казниво по член 258, а во врска со член 19 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според полицијата, T.П. во изминатава година одредено време работел како личен возач на Панделевски, па откако тој бил притворен и се јавил преку телефон и посочил дека поседува документи што се од интерес на сопругот, односно кои би можеле да помогнат тој да излезе од затвор. Но доколку истата сака да ги добие ќе треба да исплати сума од 150.000 евра. Притоа, Т.П. упатил сериозни закани по животот на оштетената и нејзиното семејство доколку каже некому. Таа сепак се јавила во полицијата, па врз основа на добиена наредба од  Основен суд Скопје 1 Скопје, извршени се претреси на две локации во Скопје каде што прјавениот престојувал и вчера бил приведен.

Треба да знаете
Последни објави