Search

Подигањето на остатоците од авионот со кој леташе Сала ќе започне во рок од два дена

 Британското биро за истраги во воздухопловството (AAIB) објави дека операцијата за подигнување на остатоците од авионот со кој леташе аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала, ќе почне во рок од два дена.

За потсетување, приватниот авион кој исчезна од радарските екрани вечерта на 21 јануари беше пронајден за време на приватна операција за пребарување на дното на англискиот канал, а пребарувачите пронајдоа едно тело кое треба да се идентификува откако ќе се извади од водата.

  • Во моментов, во тек се подготовки за операцијата која ќе се изврши во наредниет два дена, соопшти портпарол на AFIB.

Сала направи трансфер во Кардиф од Нант на 19 јануари, но не успеа да одигра ниту еден натпревар за велшкиот клуб. Кон главниот град на Велс, тој полета со 59-годишниот пилот Дејв Иботсон. 

Треба да знаете
Последни објави