Search

Подготвени се да го продадат: ПСЖ ја одреди цената на Нејмар?

Како што пренесуваат шпанските медиуми, желбата на Нејмар да се врати во Шпанија ги натерала челниците на ПСЖ да се согласат на негова продажба.

Шпанските медиуми веќе подолго време тврдат дека Нејмар размислува да го напушти ПСЖ и да се врати назад во Шпанија, поточно во Барселона од каде што пристигна на „Паркот на принцовите“ за вртоглави 222 милиони евра.

Наводно од управата на ПСЖ веќе постигнале усмен договор со Нејмар и се подготвени да го продадат Бразилецот веќе идното лето и тоа за точно 200 милиони долари.

Се шпекулира дека таа бројка би можела и да биде променета, затоа што во целиот трансфер би бил вклучен и Усман Дембеле кој што би требало да се пресели во Париз.

Треба да знаете
Последни објави