Search

Погубен маж во САД поради убиство на поранешната девојка

54-годишен Американец е погубен на електрична столица во Нешвил, САД поради убиство на поранешната девојка којашто ја запалил во неговиот автомобил пред речиси 30 години, соопштија затворските власти.

Ли Хол (54) бил прогласен за мртов во 19.26 часот по локално време во затворот со максимална безбедност Ривербенд во Нешвил.

Хол беше осуден на смртна казна во 1992 година за убиството на 22-годишната Трејси Крозиер. Во средата, гувернерот на Тенеси, Бил Ли рече дека нема да интервенира во случајот, еден ден откако Хол беше преместен во ќелија веднаш до комората за погубување.

Хол поднел неколку неуспешни правни поплаки пред државните и федералните судови по неговото осудување за намерно убиство и подметнување пожар во 1991 година. Врховниот суд во Тенеси оваа недела го отфрли неговото последно барање за одложување на погобувањето, бидејќи сметал дека една од поротничките била пристрасна бидејќи била жртва на семејно насилство.

Хол избра смртната казна да се изврши на електричен стол, со што е четвртиот осуден американски затвореник што е погубен од 2018 година.

Треба да знаете
Последни објави