Search

Погребан Амди Бајрам

Денеска на на муслиманските гробишта во Скопје беше погребан лидерот на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам. До вечното почивалиште дојдоа да го испратат околу 300 лица, пренесува „Слободен печат“.

Поради дождот присутните морале да ги збијат редовите, но сите носеле заштитни маски, пишува порталот. По положувањето на телото на покојникот сите присутни се оддалечиле од гробиштата, како што е ред при погреб на муслиманските верници.

Амди Бајрам почина вчера на 64-годишна возраст. Министерството за здравство соопшти дека кај Амди Бајрам постмортем било утврдено дека бил позитивен на Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави