Search

Повторно уапсен новинарот Ахмет Алтан во Турција

Турската полиција го уапси познатиот новинар и писател Ахмет Алтан, една недела откако тој беше ослободен од затвор, под сомнение за вмешаност во неуспешен пуч во 2016 година, соопшти истанбулската полиција.

Алтан (69) беше уапсен доцна синоќа, а пред да биде ослободен во затвор се наоѓал од неговото апсење во 2016 годинак, два месеци по неуспешниот пуч за кој Анкара ја обвинува мрежата на муслиманскиот свештеник Фејтулах Ѓулен, кој живее во САД.

Алтан, неговиот брат и другите новинари претходно беа осудени на доживотен затвор заради наводна помош на мрежата на Ѓулен.

Тој минатата недела беше осуден на 10 години и шест месеци затвор, но беше ослободен од затвор затоа што во казната му беше пресметано времето што го отслужил

Високиот суд вчера го смени решението за негово ослободување и нареди негово апсење, наведувајќи го ризикот од бегство.

Алтан и другите ги негираа обвинувањата.

Случајот на Алтан привлече критики од организациите за човекови права и западните сојузници на Турција, кои изразуваат загриженост поради притисокот врз осомничените приврзаници на Ѓулен под власт на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави