Search

Повторно траги од коронавирусот во париската канализација

 Траги од новиот коронавирус повторно се пронајдени во отпадните води во Париз, што го поставува прашањето за  можно враќање на епидемијата, јави дописникот на МИА.

Резултатите од најновите примероци на испитувањата на отпадните води во Париз, покажуваат враќање на САРС-КoВ-2, на минимално ниво. Присуството на инфекција се зголемува и во одредени департмани во парискиот регион, но рано е да се зборува за повторна епидемија.

Од почетокот на пандемијата, следењето на отпадните води што се преработени во станиците за пречистување во Париз се следи постојано, со цел да се процени циркулацијата на САРС-КоВ-2 кај населението. Од примероците земени помеѓу 5 март и 23 април, како дел од проектот наречен „Обепин”, истражувачите навистина покажале корелација помеѓу нивото на вирус во отпадните води и бројот на случаи.

Резултатите од примероците земени од 22 до 25 јуни, покажуваат пресврт. Според информациите на париски „Ле Монд”, шест од дванаесетте анализи спроведени во овој период биле позитивни – на минимално ниво – а дополнителните тестови спроведени следната недела ги потврдија овие резултати.

Останува да се разбере феноменот, односно дали е ова знак дека со излегувањето од излоацијата, епидемијата повторно започнува, се запрашува Ана Сујрис, заменик-градоначалник задолжена за здравство во Париз. Слична е претпазливост во рамките на Регионалната здравствена агенција за Ил де Франс (АРС).

-Ние сме свесни за овие анализи, но мора да го изградиме методот за да ги искористиме. Не сакаме да тргнеме на погрешен пат, вели Орелиан Русо, директорот на агенцијата.

Од пред неколку недели со враќањето во нормален живот по изолацијата се чувствува опуштање во однесувањето на французите при почитувањето на мерките на бариера, што води до стравувањата од враќање на епидемијата.

Треба да знаете
Последни објави