Search

Повторно отворени сите аеродроми на Канарските Острови

Сите аеродроми на шпанските Канарски Острови денеска се отворени по песочната бура што го зафати регионот, соопшти Министерството за транспорт.

– Подобрувањето на метеоролошката состојба во текот на ноќта овозможи повторно да се воспостави воздушниот сообраќај на сите аеродроми на Канарските Острови, се вели во соопштението на Министерството објавено преку Твитер.

Според шпанската управа за контрола на воздушниот сообраќај, повторното отворање на осум аеродроми е овозможено поради подобрените услови.

Аеродромите повторно се отворени иако силните ветрови се уште носат песок и прашина од Сахара, но регионалните власти соопштија дека најлошото поминало.

Голема песочна бура од Сахара изминатиот викенд ги погоди шпанските Канарски Острови, поради што беше нарушен авионскиот сообраќај на оваа популарна туристичка дестинација.

Треба да знаете
Последни објави