Search

Повторно над 150 случаи на Ковид-19 во Грција

Во Грција веќе петти ден има троцифрен број нови случаи на Ковид-19, а во изминатите три дена бројот на новозаразени е над 150.

Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 152 нови случаи, од кои 22 се по тестовите направени на влезните точки во земјата, а почина уште едно лице, јави дописничката на МИА од Атина.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 5.421 заразени лица, а починаа вкупно 211.

Според грчките медиуми, најголемиот број од денешните нови случаи  се во Солун – 43, во областа Атика, поширокиот регион на Атина има 22 , а останатите се во различни делови на Грција.

Треба да знаете
Последни објави