Search

Повреден тракторист во Кумановско

Тракторист бил повреден вчера во Кумановско, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 18 часот на место викано „Долно маало“ во близина на село Тромеѓа, кумановско. Тогаш Б.П.(49) од селото, управувал трактор „Универзал 445“ на земјен пат. Во еден момент машината се превртела и го поклопила возачот.

Трактористот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Куманово. По укажаната лекарска помош, поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“Скопје.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

 

Треба да знаете
Последни објави