Search

Повреден работник во Кочани

Работник  бил повреден додека работел на машина, вчера во Кочани, информираше МВР.

На 08.11.2018 година во 20.00 часот во Полициската станица Кочани, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Г.(61) од Кочани. Тој добил повреди при извршување на работни задачи во приватна фирма во Кочани, кaде машина му ја повлекла раката. По укажаната лекарска помош во општа болница Кочани, тој бил препратен на КАРИЛ при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани и државен инспектор за труд и безбедност при работа.  Се работи на расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави