Search

Повреден моторџија во Скопје

На 25.06.2019 година во 14.25 часот на улица „Тале Христов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, управувано од У.Т.(29) од Скопје и мопед „Кимко“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Е.Ф.(45) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави