Search

Повреден електричар во Битола

Електричар бил повреден откако паднал додека поставувал осветление, вчера во Битола, информираше МВР.

Според полицијата, несреќата се случила околу 12.30 часот на улица Студенска.

Тогаш Д.П.(55) од Прилеп поставувал осветлување во сала на објектот на Универзитетот, кога од непознати причини паднал. На работникот му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Треба да знаете
Последни објави