Search

Повреден возач на мопед по судир со „мини купер“ во Аеродром

На 23.03.2020 во 12.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар Јане Сандански се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „кимко“, со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(26) од Скопје и патничко возило „мини купер“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.А.(43) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил К.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави