Search

Повреден возачот од синоќешната сообраќајка во Аеродром

Возачот С.Ј.(38) од Скопје кој вчера во скопската населба Аеродром управувајќи автомобил излета од коловозот и се преврте на кров се здобил со повреди и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски”.

Според полицијата, сообраќајната несреќа се случила во 22.50 часот, на крстосницата од булеварите Јане Сандански и Кузман Јосифовски Питу и улицата Фрањо Клуз.

Возачот управувајќи автомобил „фиат сеиченто” со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и се превртел на кров.

 

Треба да знаете
Последни објави