Search

Повредени 11 лица со нож во Кина

Најмалку 11 луѓе се повредени утрово во јужниот дел на Кина кога едно лице наводно со психички нарушено здравје ги нападнало со нож, соопшти полицијата.

Ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност.

Полицијата во градот Џијан објави на интернет дека полицајци и минувачи веднаш го совладале напаѓачот. Тој е идентификуван како Гуо Каибинг (33), чие семејство тврди дека има психички проблеми.

Треба да знаете
Последни објави