Search

Повредени се најмалку 20 лица, вклучувајќи и четворица полицајци на протестите во Париз

Во центарот на Париз дојде до насилство и конфликт меѓу полицијата и демонстрантите кои се бунтуваат против зголемувањето на цените на горивото. Според последните информации, повредени се најмалку 20 лица, вклучувајќи и четворица полицајци.

Полицијата соопшти дека десетици демонстранти се уапсени поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници, објави агенцијата АП.

Демонстрантите ги гаѓале полицајците со камења и други предмети, а полицијата одговорила со користење на солзавец и водени топови.

На овој начин биле растерани и најупорните демонстранти кои имале намера да стигнат до Шанзелизе, гневни поради политиките на францускиот претседател, Емануел Макрон.

Во обид да ги спречат бунтовните демонстранти, во некои моменти полицајците ги тепале и со пендреци.

https://twitter.com/vlafbi/status/1066283737011367936

Демонстрантите запалиле иверица и друг материјал на неколку улици во центарот на Париз, предизвикувајќи големи облаци од чад.

Градот распореди повеќе од 3.000 полицајци, при што властите им забранија на таканаречените „жолти елеци“ да се собираат на некои локации, стравувајќи дека протестите би можеле да бидат злоупотребени од крајната десница.

Треба да знаете
Последни објави