Search

Повредени пет деца на Халкидики

Од пад на предмети поради силниот ветер на Халкидики, повредени се пет деца – четири девојчиња и едно момче, на возраст од 3,5 до 13 години. Сите се хоспитализирани во солунска болница и се надвор од животна опасност, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Едно од децата имало повреди на главата и било потребно да се оперира, но и тоа како и останатите е надвор од животна опасност.

Според управничката на болницата, четири од децата се од Грција, а едно, 13-годишно девојче е од Србија.

Треба да знаете
Последни објави